Search

Македонската фудбалска репрезентација по Финска ќе има тест и со Азербејџан во Скопје на 20 ноември

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ја потврди и втората ноемвриска контролна пресметка на националниот тим.

Како што е соопштено, на 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески” ќе гостува селекцијата на Азербејџан.

Три дена претходно, исто така на Арената во Скопје избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе одиграат пријателски дуел против Финска.

Репрезентацијата на Азербејџан ќе допатува во Скопје од Кишињев каде на 16 ноември ќе одигра пријателски натпревар против Молдавија. 

Треба да знаете
Последни објави