Search

Македонската кошарка 53. на ФИБА листата

Македонската кошаркарска репрезентација е послабо рангирана за 11 позиции од претходното сумирање на резултатите и сега се наоѓа на 53. место на најновата ФИБА листа која е објавена денеска. Македонија има 184.4 поени. Кога е во прашање рангирањето само на селекцитие од Европа овие поени се доволни за пласман на 29. место.

ФИБА поместувањата во рангирањето на селекциите го направи по неодамна завршенеото Светско првенство во Кина, каде Шпанија стана нов светски владател, но не и лидер на ранг-листата. На првата позиција на оваа листа и натаму е селекцијата на САД иако мундобаскетото го заврши на 7. место.  Шпанија  е второпласирана, а Австралија пак со скокот од 8 места дојде до третата позиција. Следуваат: Аргентина, Франција, Србија, Грција, Литванија, Русија и Чешка.

 

Треба да знаете
Последни објави