Search

Македонките славеа убедлива победа над Летонија

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова даде два гола и ја предводеше Македонија до прва победа во едни квалификации за Светско првенство на женската селекција, која денеска славеше со 4-1 на гостувањето во Летонија.

Андонова даде два од четирите гола, прво во 26-та минута за да го дуплира водството откако Рочи погоди уште по девет минути за водство, а откако Летонките намалија по еден час игра, најдобрата наша фудбалерка реализира пенал во 63-та минута за да ја завери победата, откако Максути во 51-та го постигна третиот гол за Македонија на овој меч.

Македонија со оваа победа сега дојде на четвртото место во квалификациската група со три бода од три меча, откако во претходните два загуби убедливо без даден гол и со 14 примени погодоци. Англија нѐ победи со 8-0, а потоа Австрија во Скопје славеше со 6-0.

Следен меч на женстака селекција е за пет дена против Луксембург на домашен терен од 13.30 часот.

Треба да знаете
Последни објави