Search

Македонката Симона Аврамова го нашминка Лионел Меси на култната фотографија со Кристијано Роналдо

Фотографијата на која Лионел Меси и Кристијано Роналдо играат шах на куфер од брендот „Луи Витон“ е една од најпопуларните објави во историјата на социјалната мрежа Инстаграм, со нешто повеќе од 37 милиони допаѓања.

Но, малкумина знаат дека Македонката Симона Аврамова беше задолжена за шминката на аргентинската фудбалска легенда Меси, за потребата на оваа, сега веќе, култна фотосесија.

Оваа талентирана девојка речиси седум години живее во Барселона и работи како професионална шминкерка и фризерка на голем број светски познати личности, за потребите на повеќе реклами, модни едиторијали и филмови.

Треба да знаете
Последни објави