Search

Македонија ќе напредува две места на ФИФА ранг-листата

Најдобрата македонска фудбалска репрезенатција од двете септемврсики квалифиакциски  гостувања  за ЕП-2020, кај Израел и Летонија се врати со посакуваните четири бода, кои на најновата ФИФА ранг листа што треба да биде објавена на 19 септември ќе и донесат напредок од две места. Македонија ремизираше во Бершева со Израел (1:1) и победи во Рига со Летонија (2:0). Овие два резултати на избраниците на селекторот Игор Ангеловски треба да им го донесат 69. место на ранг-листата.

Пред двеиполгодини македонската селекција се наоѓаше на 166. место на листата.

Треба да знаете
Последни објави