Search

Македонија ЃП има двајца фудбалери позитивни на коронавирус

Фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров денеска соопшти дека има двајца фудбалери позитивни на коронавирус.

– Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови, споделија од клубот.

ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе се спроведе повторно тестирање на целата екипа за да се потврди дека сите се негативни.

-Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави