Search

Македонија Ѓорче Петров ѝ гостува на ЦСКА

Фудбалскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров денеска од 19 часот ѝ гостува на софиска ЦСКА во рамките на реванш натпреварот од Конференциската лига на УЕФА.

Првата средба во Скопје заврши беа победник (0:0), па во денешната пресметка во Софија двете екипи продолжуваат со почетниот резултат, а овој меч мора да го реши патникот во 3. квалификациско коло во Конференциската лига.

Тимот на Македонија ЃП овој натпревар ќе го игра без Матеус Лемос, кој беше исклучен на средбата во Скопје бидејќи судијата му додели два жолти картони.

Македонскиот тим досега играл двапати двомеч со бугарски тим во кои нема триумф. Во 2006 во УЕФА Купот се соочи со Локо Софија (0-2 и 1-1), а во 2007 играше со Черно Море Варна во Интертото Купот (0-4 и 0-3).

Треба да знаете
Последни објави