Search

Македонија тренираше во „Ернст Хапел” стадион пред натпреварот со Австрија

Репрезентацијата на Македонија го одржа официјалниот тренинг на „Ернст Хапел” стадионот во Виена каде утре од 20:45 часот играме против Австрија во натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

Без многу првотимци кои недостасуваат поради повреди и картони, селекторот Игор Ангеловски со својот стручен штаб ги изработија последните подготовки пред утрешниот натпревар против Австрија.

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив, изјави селекторот на пресот пред мечот.

Треба да знаете
Последни објави