Search

Македонија станува гробница на половни дизел возила

Откако германската влада забрани движење на дизел возилата низ големите градови како Берлин, Штудгард и Хамбург, а Бугарија воведе повисоки давачки за регистрација на сите постари дизел возила, започна масовен увоз во Македонија. Плацевите се преполни со сите постари „дизелаши“ кои исполнуваат Еуро 4. Официјалните податоци велат дека заклучно со септември увезени се скоро ист број на возила како лани за цела година.

Валентина Ангеловска

Станува ли Македонија депо за стари дизел возила од Европската Унија? Судејќи според официјалните податоци на Царинската управа на Македонија одговорот е повеќе од јасен. За првите девет месеци од годинава увезени се 29.000 возила, а лани за цела година оваа бројка е 31.000 возила. Увозниците велат дека не прават ништо незаконско. Кај нас се увезува со Еуро 4 стандард  додека во ЕУ веќе важи Еуро 6. Покрај Македонија вакви возила завршуваат само на полскиот и романскиот пазар. Веќе ни Србија не ги увезува.

Македонија е отворен пазар

Бугарските медиуми наголемо пишуваат дека кај нив цените на дизел возилата се паднати за 30 отсто откако нивната влада најави дека за сите коли кои го загадуваат воздухот давачките за регистрација ќе бидат скоро двојно поголеми. Но иако цените паѓаат, расте увозот на половни возила во Бугарија.

-Милано, Штутгарт, Хамбург, Лондон и Париз се само дел од европските, градови кои забранија стари дизел автомобили со стандард до Еуро 4 да се движат во одредени делови од нив. Овие автомобили веројатно ќе живеат „нов живот“ откако ќе бидат извезени во Источна Европа. Овде ниските трошоци за увоз ќе ги направат уште поатрактивни за луѓето- велат бугарските експерти. Но како ќе се зголемува увозот така воздухот во градовите источно од Виена ќе станува уште повеќе повалкан.

– Бугарија е прва дестинација за нив. Но таа со одлуката за зголемување на давачките за регистрација мора да бара алтернативни пазари- велат бугарскте трговци со половни возила.

Нема временско ограничување за Еуро 4

Во Министерството за економија велат дека кај нас увозот е според Еуро 4 стандардот.

Во однос на загадување ова значи дека ове возила имаат емисија на јаглерод моноксид од 0,50 грами на километар, а јаглеродни и азотни оксиди од 0,30 грама. Тврди честици пак може да има од 0,025 грами на километар- велат во ресорот. Според актуелните закони и правилници во Македонија се увезуваат возила со Еуро 4, Еуро 5 и Еуро 6 стандард, односно најмал стандард за увоз на половни возила е Еуро 4.

– Од наша страна не се води евиденција за бројот на увезени возила и односот со каков погон се, дали со бензиски мотор или со дизел мотор. Ние не располагаме со вакви податоци. Податоците во однос на ова прашање се во надлежност на Министерството за внатрешни работи- велат во ресорот.

Потполна забрана за дизел возила во Германија

Германија планира потполна забрана за регистрација на нови дизел возила во 2030 година. Планираната забрана е во согласност со националната стратегија за намалување на количината на штетни гасови во атмосферата. По 2030 година во оваа држава планирано е местото да им се отстапи само на електричните возила. За забрана за регистрација на дизел моторите пред извесно време се дискутирало и од страна на Европската комисија чија цел е емисијата на јаглерод диоксид до 2050 година да се намали за 90 отсто. Во нашето Министерство за економија велат дека ние  како земја кандидат за членство во Европската унија, во чекор ги следиме и ги спроведуваме европските прописи. Но од нивна страна спроведувањето на ваква забрана ќе биде тешко бидејќи тоа би значело потполн колапс на автомобилската .

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави