Search

Македонија со скок од две позиции се проби до 69. место на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од две позиции и се проби на 69. место на ФИФА ранг-листата. Овој нов напредок на „црвено-жолтите“ е епилог од позитивните квалификациски резултати, реми со Израел и победа против Летонија на двата септемвриски  натпреаври за ЕП-2020. Македонската репрезентација сега има 1.339 поени.

Од квалификациска група Г за ЕП-2020 година, Полска и натаму е најдоброто рангирана репрезентација на 22. место. Следува Австрија на 27.место, Словенија направи скок од пет места и сега е 58.место, Израел има пад од две места и е на 86. позиција, додека Летонија очекувано е најслабата селекција во групата со пласманот на 139. место, што е послабо за пет позиции од последното сумирање на резултатите.

Противник во полуфиналето од баражот од Лигата на Нации, Косово стигна до најдобриот ранкинг во историјата и се сега на наоѓа на 119. место. Доколку Косово преку квалифиакциската група А, каде моментално е третопласиран, обезбеди пласман на ЕП, тогаш во полуфиналето ни доѓа многу полесен ривал иако е рангиран на подобра позиција 109. место, Азербејџан.

Белгија останува на врвот, додека Франција се искачи едно место и сега е втора на сметка на Бразил. Англија останува на четвртото место, пред Португалија и Уругвај, а најдобрите десет светски селекции ги комплетираат Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.

Треба да знаете
Последни објави