Search

Македонија со историски пласман на Европското одбојкарско првенство

Македонската репрезентација во одбојка вечерва напиша историја, откако за прв пат обезбеди учество на Европско првенство.

„Жолто-црвените” вечерва со 3-0 (25:21, 25:20, 25:21) ја победија Унгарија и како една од петте најдобри второпласирани селекции во групата, се пласираа на континенталниот собир кој ќе се игра од 12-29 септември оваа година во 4 земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Нашите одбојкари, поттикнати од другите денешни резултати кои ни одеа во прилог, беа исклучително мотивирани и без проблеми ја совладаа селекцијата на Унгарија во СРЦ „Кале”.

Најдобар кај нашиот тим беше Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, додека Манџуков помогна со пет.

Треба да знаете
Последни објави