Search

Македонија со добар финиш во квалификациите ќе билда самодоверба за завршницата од Лигата на нации

Пред најдобрата македонска фудбалска репрезентација се двата последни натпреаври од  квалификацискта група Г за ЕП-2020, со Австрија  на 16. ноември во Виена и три деба подоцна со Израел во Скопје. Во пресрет на ови дуели, македонскиот државен тим е на делба на третата позиција во групата со селекциите на Словенија и Израел,(сите три имаат по 11 бодови). На двет позиции кои водат на завршницата од јубилејното ЕП-2020 кое ќе се одржи во 13 градови ширум „стариот континент“  се Полска која и торетски го има обезбедено првото место со 19 бода  во пресрет на последните две кола и Австија која има 16 бодови и е на чекор да го стори истото.
Теоретската шанса за Македонија не е завршена, но реалноста е сосем поинаква. Австрија е селекцијата која ги растури во Скопје (1:4) избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме. Во подготвките за реванш средбата со Австрија, македонскиот селектор се соочи со неможност да смета на сите поскувани репрезентативци. Поради повреди и автоматска казан поради жолти картони ќе одсуствуваат неколкумина стандардни репрезентативци: Аријан Адеми, Езџајн Алиоски, Иван Тричковски, Висар Муслиу, Илија Несторвски, Бобан Николов.

Репрезентативците кои се на располагање на подготвките во Скопје, на терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“, веруваат дека можат да имаат резултаски добар финиш во квалифиакциите кој би придонел за поголема самодоверба пред мартовските обврски во полуфиналето од Лигата на нациите, натпреаврување преку кое ќе имаат дополнителна прилика да изборат прв историски настап на завршница од ЕП-2020. За тоа да се случи треба да одиграат победнички два натпревари, најверојатно во полуфинале со Косово и финале со подобриот од Грузија и Белорусија.
Напаѓачите Крсте Велковски и Александар Трајковски сметаат дека репрезентацијата подготвена ќе ги дочека последните предизвици.
-Мислам дека овие два натпревари ќе бидат навистина тешки, ни недостасуваат неколку фудбалери, но сепак имаме квалитет да се обидеме да освоиме што повеќе бодови и да останеме на третото место во групата. Австрија е многу квалитетна репрезентација, играат одлични натпревари, но наше е да се потрудиме да одиграме на високо ниво и да им се спротивставиме. Психо-физички сме подготвени за предизвикот. Со добар резултат од овие два натпревари ќе ја задржиме атмосферата за тоа што веројатно не очекува во март и натпреварот за пласман на Европското првенство, вели   Велковски, искусниот напаѓач од редовите на босанскиот Сараево.
И репрезентативецот од редовите на шпанската Мајорка, Трајковски е оптимист.
-Се додека има шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција, додава Трајковски.

Треба да знаете
Последни објави