Search

Македонија против Казахстан ќе го заверува победничкиот старт

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година попладнево (14.30 часот) на теренот од тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го одигра третиот меч од квалифиакциите за ЕП-2021 година со Казахстан. Со триумф избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат старт три од три. Македонската селекција до 21 година, засега е единствената која од мак-фудбалот во 2017 година го скрши мразот и прва заигра на завршницата од ЕП кое се одржа во Полска. И тогашната генерација на фудбалери која стигна до историскиот успех беше предводена од истиот селектор Благоја Милевски.

Стартот на оваа нова генерација фудбалери до 21 година предводена Чурлинов, Ристовски, Митровски, Атанасов… е охрабрувачки. Со победите од 7:1 дома против Фарски Острови и нагости против Црна Гора (2:1) набилдана е самодовербата, која треба да биде еден од значајните адути во новата битка да се стигне до нов подвиг во групата 6 каде конкуренти покрај овид две селекции со кои ги имаме одмерени силите се уште денешниот ривал Казахстан, актуелниот првак во оваа конкуренција Шпанија и Израел.

-Уште е почеток на квалификациите. Најтешкото допрва следува. Победничката атмосфера годи.  Нема потреба од никаква еуфорија. За нас е значаен е секој натпревар. Одиме чекор по чекор. Имаме добра селекција и треба да ја искористиме добрата атмосфера за нов триумф против Казахстан – вели селекторот Милевски.

Македонија е на делба на првото место во групата со Шпанија и Казахстан, со таа разлика што „црвено-жолитите“ и „црвената фурија“ имаат по 6 бода од по два натпреаври, а денешниот ривал има одиграно четири меча и има две победи во гости и два порази дома. Овој податокт треба да биде предупердување за македонската селекција пред денешниот дуел со Казахстан.

Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Натпреварот со Казахстан ќе биде сосема поразличен. Противникот е квалитетен, физички се силни, но сметам дека со правилен пристап можеме да дојдеме до нови три бода. Не се сомневам дека заеднички повторно ќе дадеме сѐ од себе и на крајот ќе се радуваме, порачува макеоднскиот репрезентативец Милан Ристовски.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави