Search

Македонија против Италија ќе се бори за мундијалска виза

Фудбалската репрезентација на Македонија за противник во полуфиналето од групата за пласман на Светското  првенство 2022 во Катар го доби актуелниот европски првак Италија, а доколку го мине овој ривал тогаш ја чека финална пресметка со подбриот од дуелот Португалија – Турција.

Ова е најтешкиот пат кој можеше да се претпостави за македонската репрезентација да стаса до прво мундијалско учество.  Италија, па најверојатно Португалија се двата најтешки ривали и со највисок рејтинг меѓу селекциите кои ќе разигруваат за мундијалската виза.

Македонија ќе биде гостин во полуфиналната бараж средба со Италија на 24 или 25 март, финалето ќе се игра на 28 или 29 март.

Среќата не им се насмевна на селекторот Благоја Милевски и неговите избраници. Три селекции на крајот од разигрувањето ќе обезбедат пласман на Светското првенство.

Група А (полуфинални двојки) : Шкотска- Украина, Велс- Австрија

Група Б (полуфинални двојки): Русија- Полска, Шведска- Чешка

Група (полуфинални двојки) Ц: Италија- Македонија, Португалија- Турција

Треба да знаете
Последни објави