Search

Македонија е во Шпанија, ама не тренира бидејќи опремата и е блокирана на аеродромот во Мадрид

Опремата на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година која вчера отпатува за Шпанија каде на 14 ноември треба да одигра квалификацски натпревар од групата 6 за пласман на ЕП-2021, е зараобена на аеродромот во Мадрид. Поради ваквата одлука на шпанските власти синоќа избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски не го реализираа предвидениот трениг, а неизвесно е дали и кога ќе можат да почнат со подготвките кои беа палнирани да се одржат воАлкоркон каде на 14 ноември (в четрвток 19.45 ч.) треба да го одиграат и четвртиот натпревар од групата.

Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродромот, бидејќи за подигање на истата им била потребна декларација какава македонската експедиција немала со себе. Помош била побарана и од Шпанската фудбалска федерација, а алармирана е и Македонската амбасада во Шпанија, но опремата сеуште не одблокирана.

Од  Шпанската федерација одговорт за овој проблем е дека и тие не биле информирани за новиот закон и бараната декларација. ФФМ пак нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење , односно подигнување на опрема. Од ФФМ за овој инцидент информираат дека е запознат и делегатот на натпреварот. Техничкиот менаџер на македонската репрезентација синоќа до 23 часот останал на аеродромот со економите и не добил информација што всушност им е потребно за да ја подигнат опремата. И покрај инсистирањето на македонската делагација на аеродромот да се појави и претставник на Шпанската федерација и по пет часа чекање истиот не се појавил.

Неизвесноста продолжува и уторов.

Шпанија е лидер во групата 6 со 9 бода по три одиграна натпревари, а Макеоднија е на делба на втората позиција со 7 бода.

Треба да знаете
Последни објави