Search

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа. Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Во категорија социјално претпримаштво се избираат млади кои преку своите бизнис идеи прават општествено добро, а Creative Hub во Македонија токму преку 5П концептот го подобрува образовниот систем и дава можност за стекнување на вештини и компетенци кои се бараат на пазарот на труд денес.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Треба да знаете
Последни објави