Search

Македонија падна за едно место на ФИФА ранг листата

На најновата ФИФА ранг листа објавена денеска Македонија се наоѓа на 65 позиција со 1358 поени, веднаш пред Албанија, а зад Јамајка.

Имаме пад од едно место по поразите во септември од Грузија во Тбилиси (2:0) и Бугарија во Скопје (0:1) во Лигата на нации.

Како што е најавено, нашата А селекција до крајот на годината ќе одигра уште три пријателски натпревари, на 23 октомври со домашни фудбалери против Јамајка, потоа на 17 ноември против Финска и три дена подоцна со Азербејџан.

На врвот останува Бразил (1841 поен), пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, сега Италија е шестопласирана, а Шпанија на седмото место.

Во Топ 10 се наоѓаат уште репрезентациите на Холандија, Португалија и Данска. Целосниот ФИФА ранкинг можете да го погледнете ТУКА

Треба да знаете
Последни објави