Search

Македонија падна две места на рејтинг листата од ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација на јунската рејтинг листа на ФИФА назадуваше две места и сега се наоѓа на 64. позиција со 1.375 поени. Противниците на македонија во Лигата на нации се послаборангирани. Бугарија е на 74. место, Грузија 82, а Гибралтар на 201.

Лидер на рејтинг листата е Бразил, пред Белгија, додека на третото место изби Аргентина пред Франција. Во топ 10 се најдоа уште и Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.

Последните две кола од  групата 4 во Ц сегментото од Лига на нации македонската репрезентација ќе игра со Грузија на гости (23.9) и Бугарија на домашен терен (26.9).

Треба да знаете
Последни објави