Search

Македонија оди во погрешен правец, а економијата стагнира

Македонија оди во погрешен правец, а економијата стагнира.Според податоците на државниот завод за статистика за третиот квартал од 2019 година извозот бележи рекорден пад во текот на целиот период од јануари до октомври. Тој пад изнесува 5% и е најголем пад во последните 5 години.

Нивото на  БДП бележи незначителен раст, кој и покрај вештачкото зголемување изнесува само скромни 3.6%, кое е далеку од ветените 5% раст кои ги најавуваше Зоран Заев во предизборието.

Лошата политика на власта се огледа  и во падот на преработувачката индустрија од 0.5%, додека останатите сектори забележуваат скромен и незначителен раст.

Лоши резултати има и ИТ индустријата која бележи пад од 3.2%.

Сите показатели покажуваат дека лошите економско – даночни политики ја уриваат економијата.

Лошите економски показатели ќе бидат минато по 12 април, кога ќе настапи обнова на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави