Search

Македонија не попушта за Цар Самуил и за јазикот, заглавија преговорите на историската комисија

Нема никаков напредок на денешната средба на македонско-бугарската комисија за историско и образовни прашања меѓу двете земји.

Копретседавачот на бугарската комисија, Ангел Димитров рече дека на денешниот состанок имало нула напредок.

Треба да констатирам дека единаесеттата средба е нула. Нема направено дури ни минијатурен чекор, но веќе е јасно дека некои многу суштински разлики оваа средба ги потврди, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев, копретседавачот со македонската комисија, потврди дека нема напредок во денешните преговори.

– Средбата помина во една акдемска атмосфера во една плодна дискусија, која за жал не донесе никакви резултати. Постојат два записника кои не се потпишани и тука главен проблем е употребата на придавката македонски . Има различно толкување на Преспанскиот договор, според бугарските колеги употребата на придавката македонски е лимитирана целосно, рече Димитров.

Без резултат завршила и точката за Цар Самоил, според Димитров, македонската страна отстапувала од веќе подготвен заеднички текст.  Според Ѓоргиев, главен проблем билот тоа што се избегнува една мултиперспективност во учебниците по историја и идејата да се наметне едно решение.

Треба да знаете
Последни објави