Search

Македонија не и се плаши на Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година под палката на селекторот Благоја Милевски вечерва (19.45 часот) ќе и излезе на мегдан на Шпанија во Алкоркон, во рамките од квалификациите за ЕП-2021. Шпанија е фаворит во квалифиакциската група 6, и по трите одиграни меча е лидер со максимален скор, а Македонија е на делба на второто место со седум бода од три настапи. Во пресметката со фаворитот во групата, избраниците на селекторот Милевски нема што да загубат, а можат да добијат многу во финишот од квалификациите во трката за втората позиција во групата каде ривали им се уште Казахстан, Израел, Црна Гора и Фарски острови.

Од македонскиот табор, кој за овој дуел се подготвува од понеделникот во Шпанија, испраќаат оптимистички најави дека се подготвени да одиграат добар натпревар. Велат дека тоа што домаќинот е фаворит и во составот има игрчаи кои настапуваат во една од најсилните пет лиги во Европа, дополнително ги мотивира да го потвцрдата својот квалитет. Го почитуваат противникот, но не ги потценуваат своите фудбалски потенцијали и се подготвени да прижат максимум тоа да го докажат на теренот.

Селекторот Благоја Милевски, под чија палка генерацијата која сега главно настапува за сениорскиот македонски состав избори прв историски настап на ЕП-2017, е уверен како и неговите избраници дека и со оваа генерација надежни фудбалери без разлика кој е противникот на секоја натпреавр ќе играат на победа.

По овој дуел, македонската експедиција ја очекува уште едно гостување на 19 ноември кај аутсајдерот Фарски Острови кој по четири одиграни натпревари нема освоено бод во квалифиакциската група. Против оваа селкеција на стартот од овој квалифиакциски циклус македонските надежи покажаа завидна ефикасност  и славеа со 7:1.

Треба да знаете
Последни објави