Search

Македонија на 68. место од ФИФА-ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација по победата и поразот на октомвриските кавалификациски натпревари за Европското првенство во 2020 година, со Словенија (2:1) и Полска (0:2) направи еден чекор напред на најновата ФИФА ранг листа.

Македонија сега е на 68. место со 1.344 бодови. Од ривалите во квалификациската група најдобропласиран е лидерот Полска кој се најде 21. место, следува Австрија на 25, Словенија на 65, Израел на 89 и аутсајдерот Летонија на 143. место.

Со млаи рокади, симнување место подолу на Португалија, Шпанија и Колумбија, останаа истите селекции во топ10. Лидер е Белгија пред Франција и Бразил, а следуваат: Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

 

Треба да знаете
Последни објави