Search

Македонија и Исланд во директна „битка“ за следната фаза

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Минхен го игра мечот на одлука за место во главната фаза на Светскиот шампионат против секогаш незгодниот тим на Исланд.

По вчерашниот дебакл од 21-32 од европскиот шампион Шпанија, во кој видовме две сосема спротивни издание на црвено жолтите, маестрално прво и очајно второ полувреме избраниците на Раул Гонзалес вечерва против упорните и борбени ракометари од Исланд се без право на грешка ако сакаат да се пласираат меѓу 12- те најдобри селекции на Светскиот шампионат.

Во последните 25 минути од вчерашниот дуел селекторот Гонзалес одлучи да ги одмори нашите најдобри и најискусни репрезентативци и да ги сочува за денешниот меч на одлука.

Македонскиот национален тим одиграл неколку вакви одлучувачки натпревари против Исланд , во три од нив славел победи кои ни обезбедиле пласман на големи натпреварување.

Вечерва црвено жолтите мораат повторно да победат ако сакаме да се пласираме во главната мундијалска рунда, бидејќи пред стартот на натпреварот во Олимпија Хале во Минхен Исланд и Македонија имаат идентичен број на бодови 4, но нашиот противник има многу подобра гол разлика од +11 , а ние -6.

Победникот на дербито во Минхен сигурно ќе го решава играта во одбрана, само со издание слично на она од првото полувреме против „црвената фурија“ нашата најдобра репрезентација ќе има шанса за голем триумф.

Треба да знаете
Последни објави