Search

Македонија има две шанси да стаса до историски настап на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација како ретко кога предсебе има две меч-топки да си обезбеди историски настап на завршница од ЕП-2020, кое ќе се организира во 12 градови на „стариот континент“. Правата е преку редовните актуелните квалификации и втората преку Лигата на нациите.

Македонија во квалифиакциската групата Г е на третото место со 11 освоени бодови по седум одиграни кола, два помалку од второпласиранта Австрија која е на позиција која води на завршницата и пет помалку од лидерот и засега недостижен патник кон јубилејниот евро-собир Полска со која в недела на 13 октомври ќе ги одмериме силите во Варшава.

По победа против Словенија со 2-1, избраниците на селекторот Игор Ангеловски – Мрме  остана во трката за второто место за да ја завршат успешно мисијата треба да докажат дека се кадарни за на ЕП против фавортитие во групата Полска и Австрија со кои треба да играат на гости до крајот на групната фаза која ќе ја завршат со дуелот против Израел кој заостануа три бода.

Со три триумфи Македонија самата ќе си го трасира патот за да се искачи на второто место. Македонија има подобар меѓусебен скор од Словенија. Математичките калкулации велат дека Македонија и со седум бода од трите преостанати мечеви може да си приреди големо славје, ако Австрија до крајот не освои повеќе од четири бода.

Македонија треба да остане непоразена во дуелот со Полска. Со реми на овој дуел ќе треба во дирекна пресметка со Австриај да освои три бода. „Тројката“ од Виена во ваква комбинација би имала важност и ако загубат во Варшава. Затоа во реванш-дуелот со Австрија која ни одржа фудбалска лекција во Скопје несмеат да загубат. Да им се вклопи во математиката реми со Австрија, ќе треба да ја совладаат Полска, а Словенија да ги клекне своите соседи Австриците.

Ако избраниците на Игро Ангеловски – Мрме ги положат тестовите со фавортитие Полска и Австрија, против Изрел ќе имаат единствена опција да слават победа, а со тоа и пласман на ЕП.

Комбинацијата за посакуван расплет во групата за Македонија се три три до крајот. Втората опција е Словенија да ни помогна нам, а и сама да си ги сочува шансите со победа против Австрија. За оваа комбинација да биде добитна за „црверно-жолтите“ има уште еден услов, Полска во последното коло да не загуби дома од Словенија која не треба да освои повеќе од нас бодови во последните три кола.

Најлошата варијанта според која ние можеме предвреме да ги завршиме кавлифиакциите  уште в недела е пораз за Македонија во Варшава и победа на Австрија во Љубљана.

ТАБЕЛА: Полска 16, Австрија 13, МАКЕДОНИЈА 11, Словенија 11, Израел 8, Летонија 0

Кој со кого во последните три кола:

13 ОКТОМВРИ – Полска – МАКЕДОНИЈА, Словенија – Австрија, Израел – Летонија

16 НОЕМВРИ – Словенија – Летонија, Австрија – МАКЕДОНИЈА, Израел – Полска

19 НОЕМВРИ – Летонија – Австрија, Македонија – Израел, Полска – Словенија

Поправниот испит за македонската селекција останува Лигата на нации, каде идната година во еден меч во полуфиналето како домаќин како стојата работите засега треба да игра со Косово или ако соседот ги мине квалификациите кој како и Македонија е во игра за второто место, тогаш   Азербејџан би бил противникот што би било полесен пат до финалето кое ќе се игра на неутрелен терен со подобриот од другиот полуфинален меч Грузија и Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави