Search

Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа во однос на ширење на корона вирусот

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот. Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати.  Додека зборуваат за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани.

Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата.

Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот.

Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните.

Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот.

Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче.

Треба да знаете
Последни објави