Search

Македонија замина за Виена да се прикаже во најдобро издание

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација отпатува за Виена, каде утре (20.45 ч.) на стадионот „Ернст Хапел“ ќе го одигра првиот од двата последни ноемвриски квалифиакциски натпревари од групата Г за ЕП-2020. Противник ќе им биде домашната селекција на Австрија, која во квалифиакциската група се наоѓа на втората позиција која води на завршницата од јубилејното ЕП-2020 кое ќе се игра во 13 градови ширум „стариот континент“, но сеуште теоретски го нема заверено настапот, за разлика од првопласираната Полска. Австрија која ја растури Македонија во Скопје (4:1) на реваншот со „црвено-жолтите“ има императив да ги освои трите бода пред своите гледачи и да ја завршата работата околу пласманот на ЕП.
-Сите сме свесни за она што не очекува, мораме да бидеме сконцентрирани, повнимателни во одредени ситуации. Австрија во Скопје не победи со 4:1, е тоа треба да биде уште поголем мотив за сите нас, треба да одиграме многу повеќе на утрешниот натпревар. Оваа наша селекција има многу добри играчи, и сите ние треба да се стремиме да ја оствариме целта. А таа е да се пласираме на ЕВРО – порача Енис Барди пред полетувањето за Виена.
Во пресрет на дуелот во Виена, македонскиот државен тим е на делба на третата позиција во групата со селекциите на Словенија и Израел,(сите три имаат по 11 бодови). За избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме потребна е самодоверба до која ќе стигнат со добри резултати во последните два квалифиакциски натпреаври во пресрет на мартовската завршница со нокаут-фазата во Лигата на нации, каде Макеоднија е во игра да избори историски настап на завршница од ЕП.
Теоретската шанса за Македонија да се палсира на ЕП не е завршена, но реалноста е сосема поинаква. За тоа се свесни сите во македонската експедиција. Покрај тоа македонскиот државен тим пред овој дуел се соочи со неможност да смета на сите поскувани репрезентативци. Поради повреди и автоматска казна поради жолти картони ќе одсуствуваат неколкумина стандардни репрезентативци: Аријан Адеми, Езџајн Алиоски, Иван Тричковски, Висар Муслиу, Илија Несторвски, Бобан Николов. Но, тоа не ја намалува желбата за успех.

Треба да знаете
Последни објави