Search

Македонија е на „црвена листа“: Поради Ковид-19 тимот на PSS Racing не доби дозвола за влез во Белгија

Викендов ќе се вози втората трка од TCR првенството на Европа каде свој тим има и Македонија – PSS Racing. Но, и оваа трка ќе мине без нашиот возач Виктор Давидовски. Македонските членови на тимот на добија дозвола за влез во Белгија. Причината е што Македонија се уште се наоѓа во групата на ризички земји. PSS Racing е единствен македонски тим што се натпреварува во TCR Европа, објави „24Ауто.мк“.

Доколку некој од Македонија замине за Белгија ќе треба да оди во десет дневна изолација. Тоа ги менува многу плановите и затоа тимот нема да учествува. Поради тоа македонските членови на тимот оваа трка ќе ја прескокнат. Затоа пак се очекува да бидат дел од трката во Италија на 28 септември, на третата трка од првенството.

Трета сезона по ред PSS Racing има свој тим во TCR Eвропа, a оваа сезона се очекуваше тимот да биде и конкурентен за освојување на повеќе бодови и искачување на подиум.

Треба да знаете
Последни објави