Search

Македонија е изгубена држава, поделена на криминалните банди и рекетарите

„Нема правда – нема мир“ беше паролата со која СДСМ и Зоран Заев ја приграбија власта,  како најава за пракса со која тие ќе владеат во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Заев и СДСМ ги измамија и потценија граѓаните. Истекува нивната трета година на власт,  а тие сеуште лажат дека државата е заробена од опозицијата. Република Македонија е изгубена држава, поделена на криминалните банди и рекетарите.

Сега сакаат да донесат Закон чија единствена цел ќе биде да се амнестира криминалот на фамилијата Заеви и нивните послушници, но и да можат да се пресметуваат со нивните неистомисленици од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ таков манипулативен закон нема да поддржи. Нема да дозволиме Зоран Заев да наметнува услови. ВМРО-ДПМНЕ се залага за закон со кој сите граѓани на Република Македонија ќе имаат ист третман. Лажни се убедувањата на СДСМ во нивните кругови дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде притиснато од странците. Нека не очекуваат дека меѓународната заедница ќе биде слепа и глува за неправдата која владее во Македонија.

Со покривање на одговорноста на Заев, Шекеринска, Кики и Фрики во истpaгата за случајот „Peкет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинитeлка Катица Јанева, се поткoпуваат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ како опозиција работеше на реформите и благодарение на додадената вредност во тој реформски процес Република Македонија денес сѐ уште добива позитивни извештаи со препорака за добивање датум за отпочнување преговори од Европската комисија.

Ова што го прават СДСМ и Зоран Заев е свесно водење на Република Македонија во бездна и самоуништување. Правда не можат да носат Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, ниту помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација.

Правда ќе донесе народот во Република Македонија на предвремени избори со казна кон СДСМ и Зоран Заев за да не можат никогаш повеќе да заблескаат на политичката сцена“.

Треба да знаете
Последни објави