Search

Македонија добива засилување: Митревски е на пат за Дебрецин

Македонскиот голман Никола Митревски го пропушти првиот натпревар на репрезентацијата против Словенија (25-27) на ракометното Европско првенство (ЕП), но чуварот на мрежата би можел да им се приклучи на своите колеги и да биде во составот за утрешниот меч против Црна Гора.

Митревски остана во Скопје поради позитивен тест, но во претходните неколку денови направи четири тестови, од кои три антиген и еден ПЦР-тест и сите биле негативни, па денеска ќе има нов тест во Дебрецин.

Доколку и во Дебрецин добие негативен тест, тогаш македонскиот голман ќе биде во конкуренција за последните два натпревари на Македонија во првата фаза од ЕП, кои се играат против Црна Гора во сабота и Данска в понеделник.

Треба да знаете
Последни објави