Search

Македонија во вториот барабан за ждрепката на групите од квалифиакциите за ЕП-2022

Македонија на жрепката за составот на квалифиакциските групи од Европското ракометно првенство за мажи што ќе се одржи во 2022 година, во Унгарија и Словачка, ќе се најде во вториот квалитетен барабан. Вака одлучи ЕХФ, која ждрепката за составот на квалифиакциските групи ја закажа за 16 јуни, а почетокот во 17 часот.

Покрај Македонија во вториот барабан ќе бидат и селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Полска со кои нема да се најде во иста група.

Директен пласман во завршницата од ЕП-2022 покрај домаќините обезбедуваат и селекциите на Шпанија и Хрватска кои играа во финалето на последниот шампионат, а преку квалификациите учество на континенталниот собир ќе обезбедат двете првопласирани селекции од сите осум квалифиакциски групи и четири најдобри селекциите од сите групи кои ќе завршата како третопласиран.

Состав на рејтинг барабаните за ждрепката која е закажана за 16 јуни во 17 часот:

Барабан 1: Норвешка, Шведска, Данска, Франција, Германија, Словенија, Чешка и Исланд

Барабан 2: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.

Барабан 3: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска и Белгија

Барабан 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови

 

Квалификациските натпревари се играат на 4/5 и 8/9 ноември 2020, вториот круг е на 10/11 и 13/14 март, 2021 додека последното коло е на програмата 29 април и 2 мај.

Треба да знаете
Последни објави