Search

„Македонија блокира” од петок со блокади и на крстосниците во Скопје

 Приврзаниците на „Македонија блокира” кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ, рече Угриновски.

Во однос на најавените пет јавни дебати и дијалог за Нацрт-амандманите за измена на Уставот што ќе ги организира Владата, Угриновски рече дека тоа е уште една голема измама од власта доколку се погледне списокот на учесници на дебатите.

Од „Македонија блокира” го повикуваат премиерот Заев да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од нив. Повторија дека цел на нивните активности е распуштање на Собранието и распишување нови избори

Треба да знаете
Последни објави