Search

Македонец со „фантом“ фирма затаил околу 2 милиони евра во Хрватска, никој не знае каде е

Oбвинителството во Осиек поднесе обвинение против Ице Г., македонски државјанин, осомничен дека затаил повеќе од 15 милиони куни (околу 2 милиони евра). Измамникот со фантом-фирма вршел милионски трансакции без да биде даночен обврзник, а од државата наплаќал ДДВ за продажба на житни култури на неколку “човек-фирми“ во Осијек основани од македонски и српски државјани.

Обвинението го товари Македонецот дека од 01.01.2015 до 31.12.2016 година во Осиек, како директор и одговорно лице на компанијата Tibia j.d.o.o. од Осиек, намерно го оштетил државниот буџет, иако компанијата не била регистрирана како обврзник на данокот на додадена вредност и не била овластена да издава фактури со наведениот данок на додадена вредност, пишува Глас Славоније.

Тој се товари дека издавал излезни фактури со наведен данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен, маслодајна репка и други земјоделски култури, производи и ѓубрива на клиентите Calcaneus d.o.o. Tenja, Humerum j.d.o.o. Osijek, Abdul j.d.o.o. Osijek, Palma j.d.o.o. Osijek i Triticus j.d.o.o. Osijek. Потоа не поднел даночна пријава ниту платил данок на додадена вредност на вака издадените фактури во вкупен износ од 15.750.262,89 куни, поради што фирмата Tibia j.d.o.o. не го платила доспеаниот данок на додадена вредност во тој износ.

Како што се наведува во образложението на обвинителниот акт, од прибраните податоци е утврдено дека Tibia j.d.o.o. од 11 јули 2014 година е запишана во регистарот на даночни обврзници. Основана е од  Ице Г. како единствен основач и лице овластено за застапување, со дејност купување и продавање стоки и давање услуги во трговијата. На 30.10.2018 година фирмата е избришана од судскиот регистар. Утврдено е и дека „Tibia“ никогаш не вршела деловна активност на регистрираната адреса, туку дека таму има облакодер, ниту пак на таа адреса има деловни простории каде што може да се врши регистрирана дејност. Со проверките е утврдено дека даночниот обврзник немал отворена трансакциска сметка, ниту пак некогаш поднел барање за упис во регистарот на даночни обврзници со додадена вредност.

Од потврдата за приходите произлегува дека тужениот како директор на Tibia j.d.o.o. не остварил никаков приход, а од записникот за даночен надзор на Даночната управа на надлежната подрачна служба од 31.03.2017 година и 11.04.2017 годин, над даночниот обврзник Tibia jdoo, како и од издадени даночни решенија од 02.05.2017 година и 22.05.2017 година произлегува дека оваа компанија е основана како тампон- компанија, без вработени и опрема, која на хрватскиот пазар започна да врши милионски трансакции за продажба на пченка, пченица, соја, јачмен, маслодајна репка и други култури, производи и ѓубрива на клиенти- компании Calcaneus d.o.o. Tenja, Humerum j.d.o.o. Osijek, Abdul j.d.o.o. Osijek, Palma j.d.o.o. Osijek i Triticus j.d.o.o. Osijek., кои компании исто така се основани од македонски и српски државјанин, без никаква опрема или вработени и кои исто така веднаш започнале да вршат милионски трансакции на домашниот пазар.

И покрај обидот да му се предаде на Македонецот одлука за истрага и покана за распит, државното обвинителство на општината Осиек не можеше да го стори тоа, бидејќи не беше можно да се достави решението и да се повика на познатата адреса на неговото живеалиште.

Обвинителството бара судот да му суди во отсуство.

Треба да знаете
Последни објави