Search

Македонец не учествувал во атентатот врз водачот на Кавачкиот клан

Меѓу учесниците во атентатот врз шефот на Кавачкиот клан, Радој Звицер, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев, нема македонски државјани, објави „Вечерње новости“.

Првично беше објавено дека меѓу напаѓачите е и Македонец, како што изјави и портпаролката на киевската полиција.

Според „Новости“ во нападот учествувале Петар Јованиќ и Милн Бранковиќ од Црна Гора, како и српските државјани Емил Тозовиќ и Стефан Мандиќ Ѓукиќ, кој се бара за убиство во Бар.

Не е исклучено некој од уапсените да имал македонски пасош па поради то бил заведен како Македонец.

Четворицата биле уапсени во обид да избегаат во Молдавија, откако еден месец го следеле Звицер во Киев кого го застрлале додека џогира низ Киев.

По нападот убијците го запалиле автомобилот со кој избегале.

Треба да знаете
Последни објави