Search

Маичка на Брајант препродадена за 38.000 долари

 – Американскиот новинар Марк Медина пристигна во „Стејплс Центар” на еден час пред почетокот на комеморацијата во чест на Коби Брајант, кој загина во хеликоптерската несреќа на 26 јануари. Пренесува за емотивна атмосфера, за реки луѓе кои се движат кон домот на „езерџиите” за последен пат да се простат со „црната мамба”, како што беше прекарот на легендарниот кошаркар.
„Тие кои ќе присуствуваат на комеморацијата на Брајант, при влез во салата, ќе добијат маичка и комплетна програма на вечерта”, напиша Медина на Твитер.
Многумина сметаат дека добар дел од гостите во „Стејплс Центар” вечерва се дојдени само за материјалите и со намера да заработат. Имало и такви кои купиле билет за комеморацијата, за подоцна „солено” да го препродадат добиеното.
Една маичка, на пример, е продадена за 38.750 долари, но сите пари на крај завршија во Фондацијата „Мамба и мамбасите” на Коби Брајант.
Треба да знаете
Последни објави