Search

Маж со автомобил сакаше да ја пробие портата на палатата на полскиот претседател

Полицијата во Варшава уапси маж кој се обиде со автомобил да ја пробие портата на палатата на полскиот претседател, објави полската агенција ПАП.

Еден 36-годишен човек го бутнал со автомобил полицаецот што се обидел да го запре, а потоа со возилото удрил во портата.

Во оваа палата во центарот на Варшава, стара 200 години, работи претседателот Анджеј Дуда. Тој не бил во зградата кога се случил инцидентот, бидејќи отишол на Светскиот економски форум во Давос.

Треба да знаете
Последни објави