Search

Маж случајно се застрела себеси и својата ќерка кога ѝ ги менувал пелените

Мажот кој носел наполнет пиштол во торба со пелени случајно се застрелал себеси и својата ќерка додека ѝ ги менувал пелените, објави Си-ен-ен.

Инцидентот се случи во саботата попладне во близина на пицеријата „Чак Е. Чисис“ во предградие на Бирмингем, Алабама.

Таткото, чиј идентитет сè уште не е познат за јавноста, се наоѓал на задното седиште на возилото и ги менувал пелените на својата ќерка кога пукнал пиштолот штосе наоѓал во торба со пелени. Се чини дека несреќата се случила кога таткото посегнал по пелените во торбата која била на подот на автомобилот или кога поради некоја друга причина ја подигнал торбата.

Откако пиштолот пукнал, куршумот поминал низ ногата на таткото, потоа преку ногата на бебето, по што завршил во градите на таткото. Бебето е стабилно и ќе закрепне, но таткото е во сериозна состојба.

Треба да знаете
Последни објави