Search

Маж се затрул од истечена плинска боца во Пробиштип

Маж се затрул од истечена плинска боца во Пробиштип. Како што информира полицијата, вчера
околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Тој бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бессознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави