Search

Маж осуден на 21 месец затвор поради снимки од масакрот во џамиите во Нов Зеланд

Маж од Нов Зеланд денеска беше осуден на 21 месец затвор поради дистрибуција на снимки од масакрот во две џамии во градот Крајстчрч, пренесоа медиумите.

Напаѓачот Брентон Терант кој уби 51 лице во најголемот масакр во новата историја на Нов Зеланд, на 15 март во живо го пренесуваше нападот на „Фејсбук“.

Радиото Нов Зеланд објави дека 44-годишниот Филип Арпс се изјаснил за виновен по однос на двете обвиненија за дистрибуција на несоодветни материјали, по споделувањето на копија од контроверзното видео со околу 30 лица.

Арпс, исто така, споделил и модифицирано видео, на кое бил додаден нишан и бројач на жртви на снимката од масакрот.

Според радио Нов Зеланд, судијата на Окружниот суд во Крајстчрч, Сивен Одрикол, рекол дека Арпс, запрашан за негово мислење за видеото, изјавил дека тоа е феноменално.

Владата на Нов Зеланд забрани споделување на видеозаписи од масакрот и за тоа предвидува казна затвор до 14 години.

Арпс бил обвинет за навредливо однесување и бил казнет со парична казна од 800 австралиски долари во 2016 година, откако тој донел крвава свинска глава во џамијата Ал Нур, стои во судските документи.

Треба да знаете
Последни објави