Search

Маж од Сиднеј избол минувач, удрирал во автомобили и крадел возила

Неидентификуван Австралијанец се забил со џип во автомобил на сидејската полиција, украл комбе од супермаркет и такси возило, налетал на други автомобили во кои удирал, и ранил со нож минувач, а потоа извршил самоубиство пред полицијата.

Драматичната низа настани, за кои властите велат дека немаат врска со тероризам, почнала кога полицијата се обидела да го сопре џипот бидејќи немал регистерски таблички, пренесе „Ројтерс“.

Возачот (24) тогаш со џипот се забил во полициско возило, потоа украл возило од супер маркет и го возел околу 20 километри до предградие во блина на аеродром, патем удирајќи во поголем број возила.

Возачот се обидел да украде уште едно возило, пришто со нож избол минувач кој се обидел да го сопре, пред да украде такси возило.

Полицијата, на крајот го застанала напаѓачот зад воланот и се обидела да го онеспособи со електрошок, но мажот тогаш кон себе си зарил нож во градите и починал на лице место.

„Напаѓачот не се обиде намерно да им наштети на луѓето“, изјави за новинарите во Сиднеј, помошник комесарот на полицијата, Мик Фицџералд.

Според неговите зборови, низата настани се случила бидејќи мажот се обидел да избегне апсење, а неговите постапки, особено кога со нож избол недолжно лице, се постапки на човек за кој полицијата верува дека има здравствени проблеми.

Полицијата не го идентификува напаѓачот и не изнесе повеќе детали за инцидентот.

Фицџералд вели дека мажот им бил познат, но немал големо криминално минато.

Треба да знаете
Последни објави