Search

Маж од гевгелиско, пукајќи по волци застрелал човек

Педесет и двегодишен маж со иницијали, К.К. од селото Негорци по грешка застрелал човек.

Полицијата соопшти дека мажот додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото каде наишол на 29-годишен штипјанец со повреди во потколениците.

Полицијата соопшти дека по настанот, К.К. со свое возило го пренел повредениот во
Општата болница во Гевгелија. Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави