Search

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус, ставен e во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија најверојатно се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус и дека пациентот е ставен во карантин.

Се работи за маж, чиј идентитет засега не се открива, неодамна се вратил од Кинасо симптоми на респираторна болест. Властите ги чекаат резултатите од анализите, кои би требало да утврдат дали пациентот заболел од новиот вирус. Човекот е ставен во карантин во куќа во Брисбен, пренесе „Гардијан“.

Кинеската државна здравствена комисија вчера потврди дека вирусот, сличен на САРС, почнал да се пренесува од човек на човек и дека со него се заразиле над 200 луѓе, вклучително и медицински персонал, а денеска е соопштено дека починало и четврто лице.

Вирусот се прошири на Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија, а многу земји ги зајакнаа контролите над лицата кои пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците кои пристигнуваат од тоа подрачје.

Треба да знаете
Последни објави