Search

Маж кој бил жена е бремен со манекенка која била маж

Колумбиската трансродова манекенка Дана Султана, која е родена како маж и се идентификува како жена, сподели фотографија на социјалните мрежи со својот сопруг Естебан Ландрау, кој е роден како жена и е во осмиот месец од бременоста.

„Љубовта е љубов“, ја започна Дана својата исповед на „Инстаграм“, каде што ја следат 219.000 луѓе.

https://www.instagram.com/p/B_vZUUmp8wn/

Тие го зачнале бебето природно затоа што двајцата ги задржале органите со кои се родени, јавуваат локалните медиуми.

Естебан неодамна мислел дека има породилни болки и ќе роди бебе порано од планираното, но во болница го убедиле дека неговите симптоми се сосема нормални.

https://www.instagram.com/p/CAlYQ57Jg23/

Тие исто така објавија дека ќе станат родители на момче кое ќе го наречат Ариел.

„Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови луѓе“, им напишал еден од нивните многубројни обожаватели.

Треба да знаете
Последни објави