Search

Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

 

Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави