Search

Маж во бесвест лежел среде автопат на излез од Скопје

Машко лице во бесвест вчера лежело на автопатот Скопје – Куманово, под надвозникот кај Маџари, соопшти полицијата во дневниот билтен. Како што е посочено, лицето лежело на коловозната лента за излез од Скопје, а на местото не биле пронајдени траги од насилство.

„Лицето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземените мерки, утврдено е дека станува збор за Д.бЈ. (64) од Скопје“, велат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави