Search

Мадуро ја контролира ситуацијата во Венецуела

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја контролира ситуацијата во земјата, изјави за ТАСС рускиот амбасадор во Каракас, Владимир Заемски. Заемски истакна дека опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо, постојано ги повикува Русија и Кина да го признаат како привремен претседател бидејќи тој може да ги гарантира интересите на двете земји во Венецуела.

Одговарајќи на прашањето дали венецуелската опозиција ќе може да ги гарантира интересите на Русија ако дојде на власт во Венецуела, амбасадорот Заемски рече дека нема обичај да шпекулира за хипотетички ситуации бидејќи моменталната ситуација во земјата е контролирана од владата на Николаас Мадуро.

Механизмот на Монтевидео го гледаме како најсоодветна иницијатива за Венецуела бидејќи е насочен кон дијалог и не поставува никакви ултиматуми, за разлика од Меѓународната контактна група за Венецуела иницирана од Европската Унија”, рече тој.

Механизмот на Монтевидео беше создаден од страна на Уругвај, Боливија и Карибите. Меѓународната контактна група за Венецуела првпат се сретна на 7 февруари во главниот град на Уругвај. Меѓу учесниците на средбата беа претставници на неколку земји на ЕУ, Боливија, Костарика, Уругвај и на Еквадор.

Треба да знаете
Последни објави