Search

Мадуро: Трамп нареди да ме убијат

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро даде неколку интервјуа за руски медиуми за време на кризата на власта во земјата. Неговите изјави од утрово руските медиуми ги пренесуваат дел по дел. Мадуро рекол дека верува оти Трамп наредил негово убиство, пренесе руската новинска агенција РИА.

Без сомнеж, Доналд Трамп ѝ наредил на колумбиската влада, на колумбиските мафиида ме убијат. Ако некогаш нешто ми се случи, американскиот претседател Доналд Трамп и колумбискиот претседател Иван Дуке ќе бидат одговорни за тоа“ рекол Мадуро за РИА.

Додал и дека неговата судбина е во божји раце, како и дека го штити народот на Венецуела и службите за безбедност.

Во меѓувреме САД се заканија со сериозни последици ако Венецуела го уапси “претседателот“ Гуаидо. Заканите следат откако јавниот обвинител побара на Гуаидо да му биде забрането да ја напушти земјата поради кривичната истрага за неговите антивладини активности кои го загрозуваат уставниот поредок.

Треба да знаете
Последни објави