Search

Мадуро тврди дека САД планираат да ги нарушат изборите во Венецуела во 2020 година

САД се обидуваат да ги нарушат парламентарните избори во 2020 година во Венецуела, изјави претседателот Николас Мадуро во интервју за телевизискиот канал Росија-24.

„Лично можам да ја предупредам меѓународната заедница дека американската влада со својата екстремистичка политика и нетрадиционална војна против Венецуела веќе размислува за плановите за нарушување на парламентарните избори“, рече Мадуро, истакнувајќи дека Венецуела има податоци што ги потврдуваат овие планови.

Зборувајќи за причините за можното мешање на САД на претстојните парламентарни избори, Мадуро истакна дека „тие знаат дека не можат да победат како на претседателските избори во мај минатата година“.

Политичката криза во Венецуела се влоши на 23 јануари кога Хуан Гваидо, лидер на опозицијата во Венецуела и спикер на парламентот, се прогласи за привремен претседател на митинг во Каракас. Повеќе земји, вклучително и САД, повеќето држави од ЕУ, членките на Групата Лима (со исклучок на Мексико), Австралија, Албанија, Грузија и Израел, како и Организацијата на Американски Држави, го признаа.

Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, пак, го отфрли овој потег како пуч од страна на Вашингтон и ги прекина дипломатските врски со САД. За разлика од Гваидо, Мадуро има поддршка од Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Ел Салвадор, Сирија и Турција.

Треба да знаете
Последни објави