Search

Мадуро: Венецуела ги прекинува односите со САД и ќе ги протера американските дипломати

Венецуела ги прекинува дипломатските врски со САД откако администрацијата на Доналд Трамп го призна лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за преоден претседател, објави актуелниот венецуелски претседател, Николас Мадуро.

Мадуро, исто така, им даде на американските дипломати рок од 72 часа за да ја напуштат Венецуела.

Тој рече дека САД направиле огромна грешка во обидот да наметнат претседател во Венецуела и ги критикуваше другите земји како Бразил, Аргентина и Чиле кои го следеа примерот на Трамп, објави агенцијата АП.

Мадуро им порача на приврзаниците пред претседателската палата во Каракас дека опозицијата се обидува да направи државен удар и ја повика армијата да го зачува единството.

Треба да знаете
Последни објави