Search

Мадриѓаните лути по нерешениот резултат во шпанското Ел Класико

Најголемиот натпревар во Ла Лига, најверојатно и во Европа, помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид, уште попознат како Ел Класико, се одигра синоќа и заврши нерешено со резултат од 2:2. Натпреварот имаше се што можевме да посакаме, од убави акции, спектакуларни голови до жолти картони и исклучувања, но и сомнителни судиски одлуки за кои ќе се зборува во наредните денови.

За новинарите после натпреварот зборуваше тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан, кој во тунелот срдечно се поздрави со легендарниот Андрес Иниеста, за кого ова беше последно Ел Класико.

„Бевме сведоци на одличен фудбалски натпревар, нерешениот резултат е во потполност заслужен. Во вториот дел носевме многу брзи одлуки. На судијата му беше тешко, имаше многу ситуации, но ништо од тоа не влијаеше на конечниот исход од натпреварот“, изјави Зидан.

За разлика од своите соиграчи и тренерот, нешто поостар во изјавите беше Марсело.

„Мислам дека беше пенал. Заслуживме победа. Роберто заслужено доби црвен, само почувствував удар во лицето“, изјави Марсело.

Ниту Серхио Рамос не можеше да се помири со нерешениот резултат.

„Ел Класико не е кој било натпревар. Дојдовме овде да победиме, сакавме да ја прекинеме низата на Барселона од 42 натпревари без пораз во Ла Лига.“, изјави капитенот на Реал, кој потоа објасни зошто Мадриѓаните не ја исфрлиле топката додека Суарез лежеше повреден.

„Сакавме да победиме, а познавајќи го Суарез и неговиот стил, не сакавме да ја исфрлиме топката. Па не сме и ние овде дојдени да учиме некого како да се однесува“, порача шпанскиот стопер, кој потоа додаде дека Меси на полувреме во тунелот вршел притисок врз судиите.

Треба да знаете
Последни објави