Search

Мадона сепак ќе настапи во финалето на овогодишната Евровизија

Кралицата на поп-музиката како што многумина ја нарекуваат, Мадона, сепак ќе настапи на финалето на овогодишната Евровизија која ќе се одржи на 18-ти мај.

Иако нејзиниот настап беше ставен под знак прашалник заради конфликтот околу договорот, претставниците на Мадона соопштиле дека оваа голема поп ѕвезда сепак ќе настапи во ревијалниот дел на финалната вечер на Евровизија каде што ќе изведи две песни.

Настапот на Мадона го најавија британските и американските медиуми минатиот месец. Како што најавија тие, Мадона треба да испее две песни, една од новиот албум „Madame X“ и еден од старите хитови, најверојатно тоа би бил „Like a Prayer“.

Финалната вечер на овогодинешната Евровизија ќе биде одржана во сабота на 18-ти мај во Тел Авив кога ќе ја дознаеме песната и изведувачот кој ќе ја понесе титулата за најдобра песна во 2019-та година.

Треба да знаете
Последни објави